Технологија

Ракетата Сојуз повторно ќе биде лансирана

Според Меѓународната вселенска станица, следното лансирање на руската ракета Сојуз со човечки екипаж може да се очекува на трети декември, соопштува руската вселенска агенција Роскосмос.

Во соопштението се наведува дека екипажот кој сега се наоѓа во орбиталната станица, може да се врати на Земја на 20 декември, пренесува ТАСС.

Лансирањето на Сојуз со двајца астронаути минатиот месец беше неуспешно заради неисправни сензори, изјави официјален претставник на руската Агенција за вселенски мисии. Астронаутите безбедно се спуштија на Земјата во склад со процедурата за вонредни состојби без никакви повреди.

Во Сојуз тогаш се наоѓаа рускиот космонаут Алексеј Овчинин и американсиот астронаут од НАСА Ник Хаг. Тие на 11 октомври полетаа кон Меѓународната вселенска станица, но нивната ракета не успеа да стигне до орбитата заради дефект во сензорите. Беа принудени да се приземјат на 20 км источно од градот Џезказган во централен Казахстан. Спасувачката екипа која пристигна на местото на приземјување ги најде двајцата астронаути надвор од капсулата и во добра состојба. Официјални лица од Роскосмос рекоа дека нема причина тие повторно да не полетаат кон вселената во некоја од следните мисии.

Слични написи

Вселенското летало New Horizons ја испрати првата фотографија од Ултима Туле на Земјата

Biba

Договор тежок 3,5 милијарди долари за 5G мрежа во САД

admin

Huawei Mate Xs 2 доаѓа во Европа во јуни, со цена од 1.999 евра

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.