Select Page

Разоткриен е митот за местото на кое се среќаваат два океана

Разоткриен е митот за местото на кое се среќаваат два океана

 

Последниве неколку години на интернет кружи слика која прикажува чуден природен феномен кој се случува кога тешката вода заситена со седименти од глацијалните долини, се излева во отворен океан. Фотографијата е снимена во Алјаскиот Залив, во кој две различни води – една светло сина а другата темна, длабоко сина нијанса – се судираат една со друга.

Фотографијата доби неформален назив “место на кое се спојуваат два океана”, што предизвика многу двоумења и погрешни интерпретации, и покрај едноставното објаснување за тоа што всушност се гледа на сликата. Најчесто објаснување е дека на тоа место се среќаваат Балтичкото и Северното Море кои никогаш не се мешаат, туку создаваат граница како онаа на географската карта.

Изворната фотографија потекнува од истражувачко крстосување од 2017 година, во кое океанографите ја проучувале улогата која ја има железото во Алјаскиот Залив и начинот на кој тоа доаѓа до одредени подрачја во северниот Пацифик.

Океанографот Кен Бруланд од Универзитетот Калифорнија во Санта Круз, е еден од учесниците во таа мисија и автор на фотографијата. Според него, целта на крстосувањето била проучување на големите бавни морски струи кои прават вртлози на подрачје со пречник од неколку стотици километри од брегот на Алјаска до Алјаскиот Залив.

Овие вртлози со себе често носат огромни количини глацијален седимент благодарение на реките на Алјаска, како што е на пример реката Копер, која е долга околу 460 километри и потекнува од глечерот Копер сместен длабоко во внатрешноста на копното. Таа се влева во источниот дел на заливот Принц Вилијам, носејќи со себе тешка глина и седименти, меѓу кои е и железото.

“Глацијалните реки во текот на летото ги поткопуваат планините длабоко во внатрешноста”, вели Бруланд. “При тој процес тие го подигнуваат целиот овој материјал, таканаречен глацијално брашно, и го носат со себе”.

Кога глацијалните реки ќе се излеат во поголема водна површина, ги зафаќа океанската струја која се движи кружно од исток кон запад. Тоа е еден од основните начини на кој железото, составен дел на глацијалниот седимент, се пренесува во регинот на средна Алјаска, која е сиромашна со железо.

За фотографијата, Бруланд вели дека прикажува обилен излив на вода од река богата со седименти, која се среќава со океанска вода. Исто така, лажно е тврдењето дека тие две води никогаш не се мешаат, тврди тој, и додава: “Границите на овие две подрачја никогаш не се статични. Тие се движат наоколу и исчезнуваат, зависно од нивото на седименти и непостојаното движење на водата”.

Реките не се единствениот начин на кој глацијалните седименти стигнуваат до Алјаскиот Залив. Повремено, силните ветрови подигнуваат големи количини материјал и создаваат облак од прашина кој е видлив и од вселената, и го носат кон водата.

Сега го знаете научното објаснување кое стои зад феноменот на “местото на кое се среќаваат два океана”.

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.