Забава

Работи што ги прават мажите, но никогаш не би го признале тоа

Многу мажи мислат дека доколку зборуваат за тоа, околината би ги гледала како „слаби“.

Она што го сакаат нашите партнери понекогаш делумно го дознаваме, ако имаме долга емотивна врска со нив, но многу мажи сакаат одредени работи за кои речиси никогаш не зборуваат.

Имено, тие имаат тенденција да веруваат дека некои од овие однесувања се покарактеристични за жените, па затоа се двоумат да признаат што им се допаѓа за да не ги нарекуваат „слаби“.

Мажите никогаш нема да признаат дека ги прават и ги сакаат овие пет работи:

1. Обожаваат шопинг

Кој рече дека шопингот е резервиран само за жените? Мажите исто толку сакаат да шетаат по трговски центри. Само оставете ги во продавница и видете што ќе се случи. Мажите, всушност, никогаш не им кажуваат на другите дека одат на шопинг.

2. Пеат под туш

И момчињата и девојчињата сакаат да пеат под туш. Нема да најдете многу мажи кои не пеат под туш. Тие едноставно го сакаат тоа.

3. Гледаат романтични филмови

Ако вашиот маж вели дека сака само акциони или хорор-филмови и мрази романтични, не би рекле дека е искрен, бидејќи повеќето момци уживаат да гледаат романтични филмови. Можеби нема да го признаат тоа и да го кажат гласно, но тоа е една од работите во кои апсолутно уживаат.

Всушност, исто како и нивните партнери, тие сакаат да се гушкаат во прегратките на својата сакана и да гледаат љубовни сцени со нив.

4. Сакаат да озборуваат

Да, и мажите сакаат да озборуваат исто како и жените. Сакаат да зборуваат за други мажи, но и за девојки и долго да разговараат за нивните животи. Некои мажи повеќе уживаат да озборуваат отколку жените.

5. Обожаваат да се гушкаат

На мажите им е тешко да признаат дека сакаат наклонетост, а особено дека сакаат да се гушкаат. Сепак, вистината е сосема поинаква. Тие уживаат во гушкањето и размената на нежности исто како и жените.

Слични написи

Функционален Бугати автомобил составен од лего коцки

admin

Писмо од Алберт Ајнштајн продадено на аукција за 32.000 долари

admin

Дали знаете зошто газираните пијалаци брзо испаруваат по отворањето?

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.