Потребни состојки:
1 лажица путер
1 исечкан долг страк праз
300 г ориз за рижото
700 мл зеленчуков бујон
250 мл млеко
400 г пушен бакалар без кожа, исечен на парчиња
3 лажици павлака
100 г млад спанаќ
сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Во тава на шпорет стопете го путерот на средна температура. Додајте го празот и со мешање пржете го 4-5 минути додека да омекне.
- Додајте го оризот и мешајте уште 2-3 минути.
- Потоа додајте ги млекото и бујонот, оставете смесата да зоврие, нека врие 5 минути и потоа одозгора ставете ги парчињата бакалар.
- Покријте ја тавата со капак или со алуминиумска фолија и ставете ја да се пече во рерна загреана на 200 степени Целзиусови, 15-20 минути, додека да омекне оризот.
- Извадете ја тавата од рерна, додајте ги павлаката и спанаќот, зачинете и измешајте лесно. Покријте ја повторно тавата и оставете ја да отстои околу 5 минути пред послужување.
На здравје!