Здравје

Пушачите и љубителите на кафе треба да јадат по 10 бадеми дневно

Постојат многу совети за подобрување на квалитетот на сонот и навиките за спиење. Одредени совети ќе им помогнат на некои, но не на сите.

Балансираната исхрана е најдобриот сојузник во борбата против многу здравствени проблеми. Имено, една студија објавена во Националната библиотека за медицина покажува дека само две недели редовно консумирање бадеми е поврзано со намалување на несоницата.

Имено, 446 учесници јаделе по 10 бадеми секој ден во текот на две недели. Пред да учествуваат во студијата, 77 отсто од учесниците изјавиле дека имаат проблеми со несоница, додека останатите изјавиле дека имаат квалитетен сон.

По истражувањето, 69 отсто од учесниците пријавиле проблеми со несоница, а 31 отсто рекле дека спијат добро. Бидејќи бадемовото млеко се прави од бадеми, може да ја реши и несоницата.

Организацијата Sleep Charity, која се занимава со хигиена на сонот, наведува дека на квалитетот на сонот најмногу влијае она што го јадете неколку часа пред спиење. Експертите од организацијата сметаат дека бадемите се вистински хит бидејќи содржат магнезиум кој го подобрува сонот, но и ги опушта мускулите. Покрај тоа, тие содржат протеини кои помагаат да се одржи стабилно ниво на шеќер во крвта додека спиете, а исто така го пренесуваат телото од состојба на стрес и адреналин во состојба на одмор. Затоа се одличен избор за попладневна ужина.

Меѓутоа, бидејќи спиењето е комплициран процес на кој може да влијаат менталното здравје, светлината и некои физички фактори, важно е да се земат предвид сите.

Дополнително, кога станува збор за исхраната, не е доволно само да додадете бадеми, бидејќи на спиењето влијае кога, што и колку јадеме во текот на денот, неделите, месеците и годините.

Најважно е да се ослободите од кофеинот и алкохолот, кои можат да ве спречат да заспиете и да имате квалитетен сон. Исто така, пушачите често имаат проблеми со несоница, почесто се будат и обично имаат лесен сон. Иако откажувањето од пушење, намалувањето на кофеинот и алкохолот може да им помогне на многумина, секој човек треба да најде што е можно повеќе одговори за добар сон.

Можеби ќе ве интересира

Вежбањето на ладно време може да согори повеќе калории

dart

Недоволното спиење може да го скрати животниот век

Biba

Телесната болка се намалува ако го држите повреденото место

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.