Гастрономија

Пудинг од банана и чиа семе

 

Потребни состојки:

1 цела банана

3 лажици чиа семе

1/2 лажичка мелен цимет

3/4 чаша бадемово млеко

исечкани ореви (или лешници) за гарнир

Начин на подготовка:

  1. Во сад испасирајте половина од бананата.
  2. Додајте ги циметот, млекото, чиа семето и измешајте да се соединат состојките. Оставете ја смесата да отстои 10-15 минути или преку ноќ.
  3. Потоа ставете половина од пудингот во сад за сервирање, врз него исечкајте на тркалца еден слој банана, одозгора сипете ја втората половина пудинг и најдозгора повторно исечкајте тркалца банана и посипете со сечкани ореви за декорација.

На здравје!

 

 

Можеби ќе ве интересира

Потпечена фритата со сланина, компир и блитва

Biba

Јафа бомбици

Biba

Брускети со намаз од павлака и кромид

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.