Потребни состојки:
2 јајца
2 чаши јогурт
1/2 чаша масло
1/2 чаша вода
1 прашок за печиво
1 чаша бело брашно
2 чаши пченкарно брашно
1 страк ситно исечкан праз
2-3 лажици лупен непечен сончоглед
сол и сусам по вкус
Начин на подготовка:
- Во сад за матење со миксер изматете ги јајцата и солта, да добиете густа и пенеста смеса.
- Намалете го миксерот на најниска брзина и едно по едно додавајте ги јогуртот, маслото, водата, прашокот за печиво и брашното. Мешајте додека да добиете еднолична конзистенција.
- Додајте ги празот и сончогледот и измешајте. Смесата истурете ја во намастено и набрашнето тавче, одозгора наросете сусам и печете на температура од 200 степени Целзиусови додека пројата да добие златнокафеава боја или пробата со чепкалка да покаже дека е испечена.
- Сервирајте ја топла со јогурт, кисело млеко или павлака.
На здравје!