Гастрономија

Протеинско смуди со кафе

 

Ова превкусно смуди со кафе го забрзува метаболизмот, има висок процент на протеини (25 г), витамини, минерали, влијае позитивно на кожата и на растот на косата и ноктите, и може комплетно да ви го замени појадокот затоа што содржи 465 калории во едно сервирање. Жолчките во смудито не се осеќаат, а му даваат кремаста конзистенција и му ја зголемуваат хранливоста.

Потребни состојки:

170 мл свежо сварено кафе

230 мл млеко

1-2 жолчки од јајце

1 лажица јаворов сируп, мед или засладувач по ваш избор

2 лажици колаген во прав

1-3 лажици кокосово масло

Состојките се доволни за едно лице.

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги сите состојки во голема чаша и изблендајте ги со рачен блендер. Може да ги ставите и во стандарден блендер, па потоа да го сипете смудито во чаша. Блендајте додека да добиете мазна конзистенција.
  2. Ако кафето е врело, изблендајте ги прво другите состојки, па кафето додајте го на крај, за да не се сварат жолчките.
  3. По желба, декорирајте го смудито со цимет или какaо во прав.

На здравје!

 

 

Слични написи

Мафини со банана

Biba

Продолжете го рокот на траење на млекото со необичен трик

dart

Колаче со банани

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.