Протеински шејкови и кафе се два производа кои повеќето вежбачи ги обожуваат. Кафето е одличен избор бидејќи ја подига енергијата, додека пак протеинските шејкови ќе ги нахранат мускулите после напорен тренинг. Поврзете ги во еден ладен и вкусен напиток кој ќе ве освежи.
Подготвувањето на овој напиток е многу едноставно, а потребни ви се само 3 состојки.
Состојки:
30 г сурутка од ванила
300 мл млеко (кокосово, бадемово..)
кафе
Начин на подготвување:
- Сварете го кафето, оставете го малку да се олади, па сипете го во калапи за замрзнување и ставете го замрзнувач. Ви препорачуваме да направите повеќе замрзнати коцки за да ви бидат при рака за следните неколку дена.
- Во шејкер промешајте ги сурутката и млекото. Пожелно е млекото да биде на собна температура, за замрзнатите коцки да се стопат побрзо.
- Ставете ги замрзнатите коцки со кафе во млекото, промешајте, и вашето ледено кафе е готово.
- По желба може да додадете чоколаден сируп без калории.
На здравје!