Наука

Пролет со Digipath: одржани бесплатни онлајн работилници за деца

Оваа пролет едукативниот центар „Едуфронт“ организираше серијал од 4 бесплатни, воведни работилници за дигитални вештини наречени „Пролет со Digipath“. Работилниците беа наменети за деца на возраст од 8 до 14 години, како воведно искуство во: програмирање, веб дизајн и графички дизајн за деца. Интересот за учество беше навистина голем со пријавени над 350 деца, од кои повеќе од 100 се приклучија и активно учествуваа во работилниците. На сите пријавени деца им беа споделени материјали од работилниците за да поминат еден едукативен час во време кое им одговара.

Работилниците и активностите се во склоп со програмите за деца, креирани за обуките од Digipath – Дигитални патеки за учење на Едуфронт. Нив ги водеа нашите долгогодишни, искусни предавачи кои преку соодветни активности ги воведоа младите учесници во дигитални технологии, како: програмските јазици Scratch и Python, веб технологиите HTML и CSS, графичкиот дизајн и платформата Canva.

 

Одржувањето на отворени, виртуелни настани е дел од заложбата на Едуфронт за достапно образование за дигитални вештини на сите деца од училишна возраст. Преку нив им се дава бесплатна можност на децата да се запознаат со основите на дигитални вештини како што се: програмирање, веб дизајн и графички дизајн. Работилниците се одржуваат виртуелно, со што се овозможува поголема пристапност, независно од местото на живеење.

Преку вакви отворени активности и со директна ангажираност на учесниците се надеваме дека ќе помогнеме кај децата да побудиме интерес за изучување на нови дигитални вештини и да им дадеме поширок видик за можностите за креативност и примена на дигиталните технологии.

ЕДУФРОНТ е едукативен центар за компјутерско образование, посветен на достапно и постојано дигитално учење. Целта на нашите програми за онлајн обуки е децата од основно образование да стекнат разни дигитални вештини за користење на компјутерската технологија. Со усвојување на овие вештини децата полесно ќе се снаоѓаат во современата дигитална ера и ќе се подготват за поуспешно учење и кариера во иднина. Покрај тоа кај децата се развива: логичкото размислување, креативните вештини, способностите за решавање на проблеми и иновативниот дух.

Ако сакате да добиете повеќе информации за обуките за деца од нашите дигитални патеки посетете ја нашата веб страна https://edufront.mk/ или контактирајте нѐ на [email protected]  или 070 700 237.

Слични написи

Природни начини за заштита од комарците во летниот период

Biba

Животот во сенка на огнената планина

Biba

Најпознати први реченици во книжевноста

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.