Љубов и секс

Продукти кои ја зајакнуваат ерекцијата

 

Современите мажи сè повеќе се соочуваат со проблемот наречен еректилна дисфункција. Помалку или повеќе, секој маж во одредена ситуација може да наиде на таков проблем.

Сепак, постојат начини, со промена или внесување на одредени прехранбени продукти тоа да се елиминира или да се сведе на минимум.

“Здравата исхрана и избегнувањето на прехранбени продукти кои се означени како нездрави, можат да придонесат за решавање на проблеми со еректилна дисфункција или за подобрување на еркцијата”, изјавува д-р Закарија Пател, и додава додава дека иако одреден режим на исхрана може да придонесе за решавање на таквите проблеми, тоа не е научно докажано и се земаат индивидуални случаи за пример.

Сепак, здравата исхрана директно или индиректно влијае на здравјето.

Некои од прехранбените продукти, покрај подобрувањето на еректилната дисфункција, се означени и како афродизијак. Јагодите, на пример, поради состојките во нив имаат способност да ги намалат проблемите со еректилната дисфункција, но имаат и ефект на афродизијак. Темното чоколоадо го зголемува нивото на допамин, хормонот на задоволство. Школките содржат поголемо ниво на цинк, и со тоа влијаат да се подобри подвижноста на спермата. Биберот ја подобрува срцевата активност и ослободува ендорфин, додека црвеното вино ги опушта артериите и го зголемува протокот на крв во гениталиите.

Фактот дека одредени физиолошки фактори, како што е циркулацијата на крв и нивото на хормони, можат да влијаат на еректилната дисфункција, а одреден режим на исхрана ги подобрува тие физиолошки фактори, наведува на заклучок дека со тоа може да се реши и проблемот со ерекцијата и нејзиното одржување.

Трендот на сè поголемо дебелеење, консумирање на продукти што не се здрави, доведуваат до здравствени проблеми кои индиректно водат и до еректилна дисфункција. Се зголемува бројот на заболени од дијабетес, хипертензија, влошување на циркулацијата на крв, а сето тоа е директен убиец на сексуалното здравје.

Покрај здравата исхрана, се препорачува и активно вежбање. Напорни вежби во траење од 2 часа, или умерени во траење од 3,5 часа неделно, значително го подобруваат физичкото, а со тоа и сексуалното здравје.

 

Слични написи

Смеете ли да имате секс кога партнерката има менструација?

Biba

Вистината за сексот на средовечните жени

dart

Гледањето во женски гради го продолжува животот на мажите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.