Ако првото нешто за кое мислите дека претставува проблем број еден во врската е љубомората или парите, многу грешите.
Верувале или не, најголем проблем во врските е комуникацијата. Кога велиме комуникација, не подразбираме само постојан џагор, туку начинот на кој се однесуваме кон партнерот.
Под „комуникација во врска“ се подразбира начинот на кој разговарате со партнерот, како и свеста дека тие модели на однесување што сега ве вознемируваат, отсекогаш биле присутни, а можеби претходно сте ги сметале и за симпатични.
Клучот за опстанок на врската е секогаш добра комуникација, нагласуваат психотерапевтите. По лошата комуникација, како причини на списокот со проблеми во врската следува: недостаток на забава, недостаток на време за партнерот, бесчувствителност, незаинтересираност или премногу чувствителност, прекумерна љубомора, како и губење на идентитетот.
Не дозволувајте овие проблеми да бидат присутни во вашата врска.