Љубов и секс

Причини зошто не би требало да имате секс во вода

 

Помислата да водите љубов во вода додека сте на одмор е многу привлечна и возбудлива, но сексот во вода знае да доведе до многу несакани ситуации.

  • Недостаток на лубрикант. Влажноста на водата не е лубрикантот што ни е потребен за секс без проблеми. Водата ќе го измие природниот лубрикант што жената го лачи во момент на возбуда и за време на сексот. Со тоа, сексот ќе стане можеби и болен и непријатен.
  • Опасност од бактерии. Покрај неправилното подмачкување, бактериите се уште еднa од причините зошто би требало да избегнувате секс во вода. Секоја вода било да е во базен, езеро, море, е исполнета со бактерии кои можат многу лошо да влијаат на половите органи и воопшто на организмот. Вагината е посебно плодно тло за развој и размножување на бактериите што може да се добијат за време на сексот во вода.
  • Штетноста на производите за бањање и туширање. Ако сте се решиле да имате секс во када или под туш, тоа не би требало да го правите додека сте со сапуница или додека го имате нанесено средството за туширање. Ако некое од овие средства дојде во допир со вагината, нејзината флора ќе се наруши и може да предизвика бактериска инфекција.

 

 

Слични написи

Жените откриваат кои пози најлесно ги доведуваат до оргазам

Biba

Фантазирате ли за еротска масажа?

admin

Пет заблуди за секс-играчките во кои воопшто не треба да верувате

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.