Како мал увод или занимливост поврзана со бакнувањето, е податокот кој вели дека најдолгиот забележан бакнеж е бакнежот на Екачаи и Лаксана Тиранарат од Тајланд, кој почнал на 12 февруари, а завршил на Свети Валентин, и траел 58 часа.
Бакнувањето има голем бенефит за човечкото тело и дух.
- Го јакне вашиот имунитет. Нема да верувате, но размената на флуидите при бакнување доведува до размена на здрави бактерии кои го јакнат имунитетот.
- Согорува калории. При бакнување се согоруваат дури 2-6 калории во минута бакнување.
- Ги јакне мускулите на лицето. Според одредени истражувања, со бакнувањето се активираат дури 30 мускули од вашето лице. Бакнувањето ги зацврстува вашите образи.
- Опушта. Хемијата на целата операција е едноставна: бакнувањето го покачува нивото на окситоцин, ендорфин и допамин.
- Страсните бакнежи се добри за здравјето. Францускиот бакнеж го зголемува протокот на плунка која се лачи од непцата, а тоа е добро за здравјето на самите непца.
- Го снижува стресот. При бакнување се намалува нивото на кортизол, а со тоа се намалува и стресот.
- Го намалува крвниот притисок. Кога се бакнувате срцето почнува забрзано да чука, а со тоа се намалува крвниот притисок, поради ширењето на крвните садови.