Убавата густа смеса што се послужува со помфрит, месо, пица, наречена кечап, е нешто што би требало да го избегнуваме. Еве и зошто.
Една лажичка индустриски кечап содржи повеќе калории од бисквита со чоколадо. Звучи неверојатно, но во една лажичка кечап има дури 3,7 гр шеќер. Ете од таму доаѓа слаткастиот вкус што го осеќаме при консумација.
Освен шеќер, кечапот содржи и поголема количина сол, а солта поттикнува задржување на вода во организмот. Долгорочно консумирање може да доведе до зголемување на крвниот притисок, развој на кардиоваскуларни болести, срцев и мозочен удар.
Кечапот има многу интензивен мирис и потребно е подолго време да се ослободиме од мирисот.
Ако веќе мора да го консумирате, пробајте да си направите домашен кечап, во домашни услови.