Причината поради која Герет Бејл не е миленик на Мадрид

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Иако веќе 5 години игра на шпанско тло, Герет Бејл сè уште нема дадено интервју на шпански јазик. Тоа е причината поради која многу шпански навивачи му се лути и не го почитуваат многу.

Обично, фудбалерите што играат за странски тимови во текот на својот престој го совладуваат јазикот на домаќинот. Но, постојат и ретки како Герет Бејл, кој не го научил јазикот на својот домаќин. Фановите велат дека не е поентата само во давање голови за некого да го почитуваш. Совладувањето на јазикот во државата во која игра е и почитување на неговиот народ.

Дали Герет Бејл е антиталент за странски јазици или само смета дека секаде англискиот јазик треба да е јазик за комуникација, тоа го знае само тој и можеби неговата поблиска околина.