Наука

Природни начини за заштита од комарците во летниот период

Постојат неколку сигурни природни начини да ги држите комарците и крлежите подалеку од вашиот дом, градина и што е најважно – подалеку од вашата кожа. Дали знаевте дека лукот ги брка комарците? Лукот го прикрива мирисот на јаглерод диоксид кога издишувате, а освен тоа и мирисите што испаруваат преку вашата кожа поради лукот се помалку привлечни за комарците.

Ако сте страстен љубител на банани, можеби треба да размислите да престанете да ги јадете во текот на летото. Кога вашето тело ќе ја метаболизира бананата мирисот излегува преку кожата, а комарците сакаат банана. Во борба против оваа напаст клучен е и изборот на облека. Лесните материјали со светла боја, со исклучок на жолтата, се добар избор.

Комарците често знаат да нападнат и ако ви недостасува витамин Б. Внесувањето на поголема доза од оваа група витамини ќе предизвика зголемено потење, а комарците не го сакаат мирисот на витаминот Б. Јадете храна богата со витамин Б1, како што е говедско месо, портокали, свинско месо, јајца, семки или едноставно внесете витамин Б1 преку таблети.

Ванилата е природно средство за борба против комарците. Додајте две лажички ванила во една шољичка со вода, промешајте, ставете го во шише со прскалка и испрскајте ја просторијата. Ванилата ќе го закамуфлира телесниот мирис и ќе ги држи комарците подалеку од вас. Комарците ги привлекуваат лосиони, лакови за коса, парфеми и ако веќе мора да ги користите – тогаш нека бидат со мирис на лаванда, рузмарин или еукалиптус.

Слични написи

Поголемиот дел од бебињата родени во Англија и Велс во изминатата година, ги родиле немажени мајки

dart

Откриено е најоддалеченото космичко тело во Сончевиот Систем, планетата Фараут

Biba

Град во Австралија на генијален начин се бори со загадувањето на водите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.