Во недела на 23 јули е роденден на третиот по ред наследник на британската круна, принцот Џорџ. Од Кенсингтонската палата го објавија неговиот официјален портрет по повод роденденот, со порака од неговите родители, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Фотографијата која ја направи официјалниот кралски фотограф Мет Портеус е објавена на официјалниот профил на Кенсингтонската палата на Твитер заедно со изјава од родителите на принцот Џорџ. Во изјавата се вели: “Војводата и војвотката од Кембриџ со задоволство споделуваат нова фотографија од принцот Џорџ, за да го одбележат неговиот петти роденден. Ви благодариме на сите за убавите пораки.”
Нека му е среќен роденденот на принцот Џорџ и честитки за неговите горди родители.