Како што пренесуваат странските медиуми, принцот Хари и Меган Маркл ја купуваат куќата на Мел Гибсон која чини 15 милиони долари.
За да се дојде до имотот мора да се помине низ приватна порта и низ долга патека, пишува „Мари Клер“. Прекрасниот скриен имот има пет спални соби и пет бањи во главната вила со волшебен простор за живеење, а покрај тоа има и посебна куќа за гости, како и базен-куќа која може да се претвори во вежбалница. Камените патеки водат надолу по магично осветлена патека до приватна област за сончање со два базени.
„Големата вест е дека принцот Хари и Меган ја купуваат куќата на Мел Гибсон. Фирмата за недвижнини не потврди дека парот веќе ја купил, но извор им кажал на странските медиуми дека куќата е продадена“, изјавил локалниот агент за недвижнини во Лос Анџелес Андреа Пилот.
Хари и Меган во јануари објавија дека се повлекуваат од кралските должности и се преселија во Ванкувер. Тие и официјално поднесоа оставки на крајот на март, по што се преселија од Ванкувер во Лос Анџелес.
Гибсон, инаку, го купил имотот од поранешната брачна двојка Дејвид Духовни и Теа Леони.
Погледнете како изгледа имотот на Мел Гибсон.
https://youtu.be/TgJxZ31zmCA