Потребни состојки:
6 лажици путер (може да се замени со маслиново масло)
2 главици ситно исечкан кромид
4 чешниња ситно исечкан лук
2 лажици оцет од црвено вино (опционално)
400 г колбаси исечкани на трклаца
1 главица зелка исчистена и исечкана
1 лажица црвен пипер
сол и бибер по вкус
2 лажици исечкан свеж магдонос
1 лажица крупен црвен пипер (буковец, опционално)
Начин на подготовка:
- Во широко и длабоко тавче на средна температура стопете 3 лажици путер. Ставете ги лукот и кромидот и пржете ги додека да омекнат и пуштат мирис.
- Додајте го оцетот и измешајте.
- Додајте ги колбасите и благо пропржете ги.
- Додајте го остатокот од путерот, зелката, црвениот пипер, солта и биберот. Измешајте ги убаво сите состојки.
- Динстајте ја зелката додека да омекне и благо да се испржи.
- Сервирајте ја топла декорирана со свеж магдонос и буковец.
На здравје!