Select Page

Претставен е новиот Seat Leon

Претставен е новиот Seat Leon
  • Новиот Leon се карактеризира со моќен дизајн, кој претставува еволуција во споредба со неговиот претходник, во исто време имплементирајќи напредна технологија
  • Инвестиција од 1,1 милијарда евра насочена кон развој и имплементација на напредни технологии и технолошки процес во производствените објекти
  • Ефикасноста е столбот на новиот Leon. Моќни и напредни системи за погон вклучувајќи TSI, TDI, природен гас TGI, благ хибдирен погон и plug-in хибридни технологии
  • Комплетно новиот Seat Leon е првото високоповрзано возило на брендот

Seat го презентираше комплетно новиот Seat Leon, возило кое ќе го раздвижи компактниот сегмент со душата која ја презема од Барселона. Компанијата инвестираше повеќе од 1,1 милијарда евра во процесот на развој на поефикасни мотори, напредна технологија и конективност, одлични динамични својства и уште попривлечен дизајн.

Seat Leon отсекогаш беше знаменосецот на брендот, што се докажува со бројката на продадени возила од 2,2 милиони во периодот на досегашните три генерации од Leon. Четвртата генерација е дизајнирана да го продолжи достигнувањето и да го однесе на наредното ниво во поглед на конективност, технологија, ефикасност, динамика и безбедност.

„Seat Leon е нашиот најпродаван модел и сакаме овој тренд да продолжи. Затоа Seat инвестираше повеќе од 1,1 милијарда евра во комплетно новата генерација на Leon. Инвестицијата беше наменета за неговиот развој и подобрување на производниот погон“, изјави Карстен Исенсе, претседател на Seat. „2019 година беше рекордна за компанијата. Продадовме повеќе од 570 000 возила, што претставува рекордна бројка во нашата 70-годишна историја“, додаде Исенсе.

Комплетно новиот Leon идеално ја инкорпорира филозофијата за дизајн во сржта на секое возило кое излегува од производната линија, носејќи самодоверба, елеганција и спортски дух во компактниот сегмент, во исто време додавајќи кохерентност, спокојство и зрелост, забележани само во неколку други возила.

Новиот Leon е дизајниран, развиен и произведен во Барселона, во производствениот погон Марторел.

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.