Компанијата Carnival го претстави својот најголем крузер. Крузерот “AIDAnova” има 180.000 тони, може да прими 6600 патници, кои можат да уживаат во 17 ресторани и 25 барови. Тука е и првото пловно телевизиско студио, теретана на отворено, театар, аква-парк…
AIDAnova е петти најголем крузер на светот, првите четири места ги држат крузерите на компанијата Royal Caribbean, а на прво место е нивниот брод Symphony of the seas.
AIDAnova е изградена во германското бродоградилиште Mayer Werft во Папенбург, неговото крштевање беше минатата недела со гала журка и Дејвид Гета пред 25000 луѓе. Првата пловидба е најавена за декември.