Select Page

Преку исхрана до сјајна и чиста кожа

Преку исхрана до сјајна и чиста кожа

 

На пазарот се наоѓаат огромен број на производи за нега на кожата, но тајната за чиста и здрава кожа лежи во исхраната.

Храната која го чува здравјето и сјајот на кожата треба да биде богата со омега 3 масни киселини, омега 6 масни киселини, витамин Е и со актиоксиданси. Хидратацијата е исто така важна не само за здравјето на кожата туку и за здравјето на целото тело. Производите за надворешна нега можат да ѝ помогнат на кожата во лечењето на некои состојби како што се на пр. акните, но исхраната има директна улога во одржувањето на здравјето на кожата.

Која храна е најздрава за кожата?

Мрсна риба

Луѓето со мрсна кожа ја избегнуваат мрсната храна. Меѓутоа, сите масти не се исти. Харингата, лососот и сардината се богати извори на омега 3 масни киселини кои го намалуваат штетното дејство на ултравиолетовите зраци. Мрсната риба исто така содржи и витамин Е кој ја заштитува кожата од воспаленија и од дејството на слободните радикали.

Ореви

Оревите спаѓаат во најбогатите извори на омега 3 и омега 6 масни киселини. Одржувањето на рамнотежата меѓу овие две незаситени масни киселини е од големо значење. Типичната западна исхрана содржи повисоко ниво на омега 6 масни киселини кои можат да предизвикаат воспаленија како псоријаза и егземи.

Бадеми

Бадемите ја одржуваат кожата здрава со тоа што се одличен извор на витамин Е и богати се со незаситени масни киселини.

Семки од сончоглед

Освен незаситени масни киселини, семеките од сончоглед содржат и значајни количини на цинк и витамин Е кои помагаат во заштитата на клетките на кожата.

Ленено семе

Изобилува со омега 3 масната киселина наречена алфа-линоленска киселина, потоа со витамин Е, калиум и магнезиум. Освен во исхраната, лененото семе може да се користи и надворешно како маска за негување на кожата.

Соја

Сојата содржи соединенија наречени изофлавони, кои играат важна улога во заштитувањето на кожата, особено кај жените во менопауза кога намалувањето на нивото на естроген ја намалува еластичноста на кожата.

Авокадо

Авокадото е богато со витамин Е и здравите есенцијални масти кои човекот треба да ги внесува дополнително преку исхраната бидејќи телото не може да ги произведе.

Маслиново масло

Меѓу сите масла кои ги користиме за готвење, маслиновото е најздрав избор за кожата. Исхраната богата со маслиново масло го успорува стареењето на кожата.

Зелен чај

Зелениот чај е здрав, енергетизирачки напиток од кој и кожата има бенефит. Особено е богат со антиоксидантите наречени катехини кои го поттикнуваат протокот на крв во кожата. Зголемениот проток на крв обезбедува клетките на кожата редовно да се снабдуваат со кислород и хранливи материи.

Темно чоколадо

Квалитетното чоколадо со висока содржина на какао помага во заштитата на кожата затоа што какото е богато со антиоксиданти и минерали кои имаат противвоспалително дејство на кожата. Тоа го прави темното чоколадо една од најдобрите храни за кожата.

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.