Прекувремената работа му штети на здравјето и поттикнува депресија, покажува студија на британски и фински научници.
Ако поминувате повеќе од 11 часа на вашето работно место, ризикувате да ја загрозите психолошката рамнотежа. Истражувањето во кое учествувале над 2000 вработени луѓе на возраст од 35 до 55 години, покажало дека поминувањето повеќе од седум часа на работното место значајно влијае на расположението и речиси за три пати го зголемува ризикот за заболување од депресија.
Најзагрозени категории се жените и младата популација, а според резултатите од истражувањето – мажите со високи примања се отпорни на овие негативни аспекти на прекувремената работа. Тие, исто така, се наоѓаат на повисоки работни позиции, пијат повеќе алкохол отколку што се дневните препорачани дози и имаат поголема социјална поддршка.
Утврдено е и дека колку е повисок социоекономскот статус на поединецот, толку е помал ризикот да добие симптоми на депресија.
Научниците ги следеле испитаниците во период од шест години и утврдиле дека кога почнувале со работа немале никакви здравствени проблеми, ниту пак биле склони кон депресија.
Според експертите, за ова може да им повеќе објаснувања. Луѓето кои поминуваат многу време на работа немаат време за физички активности, дружење, опуштање и одмор, повеќе се под стрес, а сето тоа влијае на нивната психа.