Прв детски ЗОО Маратон во Зоолошка градина – Скопје

 

По повод 9 Мај, Денот на Европа, во Скопје ЗОО за прв пат ќе се одржи Детски ЗОО Маратон, кој се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиција. Маратонот е организиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Атлетска федерација на Македонија, како и Град Скопје.
Во ботаничката градина ќе се одржат четири трки: две на 150 метри (машка и женска категорија, 7-8 години) и две на 100 метри (машка и женска категорија, 5-6 години). За сите дечиња се обезбедени подароци, а првите три места од секоја категорија ќе добијат посебни награди и медали.
Пријавувањето ќе започне од четврток (25 април). Податоците за учесникот – име и презиме и датум на раѓање, се испраќаат на мејлот: zooloskaskopje@gmail.com до 5 мај, а бидејќи бројот на учесници е ограничен, дел од трката ќе бидат оние кои ќе се пријават први до пополнување на бројката во секоја категорија.

 

Копирањето на содржината е забрането!