Првиот мотоцикл на Aston Martin

 

AMB 001 е најновото чудо на Астон Мартин и не е автомобил. AMB 001 е мотоцикл, првиот во историјата на овој бренд.

За да го одработи овој проект, Aston Martin се здружи со реинкарнирата компанија за производство и дизајн на мотоцикли Brough Superior.

И двете компании имаат една работа што ги поврзува: познати филмски ликови ги користат нивните производи. Aston Martin е посакуван од Џемс Бонд, додека Brough Superior е брендот користен од ликот Лоренс од Арабија.

 

 

Производот на две тркала на Aston Martin има мотор од 1 литар, моќ од 180 коњски сили и маса од 180 килограми.

Спецификата на овој мотоцикл е неговиот дизајн кој зрачи со спортски дух. За негово создавање се користени материјали како карбон, кожа, алуминиум и малку титаниум.

Мотоциклот е подготвен за производство и се најавува производство на само 100 примероци.

Позната е и цената која не е ни малку мала, 108.000 евра.

 

 

Забрането е копирање на текстот!