Првиот и најјакиот електрифициран ламборгини

 

Откако по некоја случајност протекоа фотографии за моделот сиан, од Ламборгини решија и официјално да го претстават привиот и воедно најјакиот електрифициран модел.

Ламборгини сиан ја доживеа својата онлајн презентација пред јавната премиера на Саемот за автомобили во Франкфурт следната недела.

 

 

Сиан е автомобил со спектакуларен дизајн и врвни перформанси. Го придвижува 6,5-литрен В8 мотор комбиниран со 48-волтен хибриден систем кој обезбедува дополнителни 34 коњски сили и со тоа се добива тотал од 819 коњски сили. Ова го прави најјакиот ламборгини досега.

 

 

Силата се пренесува на сите тркала преку автоматски менувач со 7 степени на пренос. Тука е и задниот механички диференцијал со заклучување.

Сиан од 0-100 км/ч постигнува за 2,8 секунди и има максимална електронски ограничена брзина од 350 км/ч.

Кога станува збор за дизајнот, сиан поголемиот дел од карактеристиките ги позајми од концептот терцо миленио. За волја на вистината не личи драматично како концепт, но го красат агресивни линии и има совршени пропорции за еден супер автомобил.

 

 

Ке биде изработен во 63 примероци, неговата основна цена ќе биде 3,6 милиони долари и сите примероци се веќе распродадени.

 

Забрането е копирање на текстот!