Првата официјална фотографија на Lamborghini Huracan Evo

Пред неколку дена од Lamborghini излегоа со две тизер фотографии за нивниот Huracan Evo, а денес пуштија и трета.

Тизер фотографиите не се објавени на официјалната веб страна, ниту на официјалните страни на социјалните мрежи, туку на апликацијата Unica која може да се преземе, но за користење е потребна посебна покана.

Ознаката EVO значи дека не се работи за обичниот модел LP 610-4, туку на обновен модел. Направени се промени во издувниот систем кој има двоен завршеток на цевката, со што потсетува на Performante. Помеѓу двете цевки е делот за регистарската табличка.

EVO верзијата го нема масивниот заден спојлер од Performante, туку е посуптилен и се наоѓа над третото стоп светло. Има промени и во решетката од браникот и го содржи името на компанијата на средина. Браникот доби и помасивен дифузер.

Промените во внатрешноста сè уште не се познати, но се шпекулира со нов infotainment систем со поголем екран на допир.

Се шпекулира и со верзијата на агрегатот – стандардниот 5,2 литрен V10 мотор можно е да добие 10 KS.

Копирањето на содржината е забрането!