Љубов и секс

Прашања што не смеете да ги поставите на првиот состанок

 

Луѓето најчесто имаат трема на првиот состанок со нов потенцијален партнер. Ги фаќа нервоза и се појавува вечното прашање за тоа како ќе тече разговорот, дали ќе се збунат, дали ќе имаат теми за разговор. Како и да тече разговорот, има прашања што во ниеден случај не се препорачува да ги поставите.

  • Зошто и како заврши твојата последна врска?

Поставување на прашања за минатото не се препорачува, поради фактот дека не се работи за испрашување, туку за дружење.

Лицето со кое имате состанок може да се почувствува нападнато или осудено. Тоа прашање може да го поставите доколку дружењето продолжи и тоа после неколку средби.

  • Зошто си сè уште слободна/слободен?

Ова прашање може да доведе до тоа лицето спроти вас да се запраша дали нешто не е во ред со него, иако вашата намера била дијаметрално спротивна.

  • Со колку партнери си спиела/спиел?

Бројот на партнери со кои некој имал односи е лична работа и ова прашање воопшто не се препорачува. Ова прашање се смета за крајно непристојно и нападно.

  • Колку заработуваш?

Нормално е да се разговара за работата што ја работиш, но во никој случај не поставувајте прашање за платата што ја зема другото лице. Може да се стекне впечаток дека се интересирате за социјалната состојба на другиот, а сè уште немате изградено блиски врски.

  • Планираш ли деца?

Иако можеби вам ви е многу важно партнерот со кој сакате да го поминувате времето да е заинтересиран да има деца, сепак ова прашање уште на првиот состанок е невкусно и може да има спротивен ефект од тоа што сте сакале да го постигнете.

  • Дали ти се допаѓам?

Тоа прашање е непотребно уште на првиот состанок. Одговорот ќе го добиете многу брзо и без да го поставите. Не поставувајте прашања за својот изглед од причина што така го поставувате другото лице во незгодна ситуација, а и себе се прикажувате како лице со ниска самодоверба.

 

Слични написи

Таблета за ден потоа – за и против

dart

Мисли кои на секој маж му поминуваат низ глава за време на сексот, но никогаш нема да признае

Biba

Предности и придобивки од редовен секс

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.