Здравје

Правилно мерење на крвниот притисок

 

Редовното и секојдневно мерење на крвниот притисок претставува многу важна превентивна мерка како за здравите, така и за лицата кои имаат проблеми со хипертензија.

Познато е дека хипертензијата е често заболување кое знае да не покажува никакви симптоми. Многумина со години имаат висок крвен притисок, а притоа се чувствуваат добро. Тегобите и проблемите почнуваат да се појавуваат во поодмината фаза, кога дошло до промени во крвните садови и срцето. Затоа, редовна контрола е повеќе од потребна за да го одржуваме нашето здравје.

Лицата кои боледуваат од хипертензија мораат редовно, секојдневно да го мерат крвниот притисок, бидејќи тоа им овозможува правилно лечење на нивната состојба.

Крвниот притисок може да се мери со апарати самомерачи и живини мерачи.

На пазарот има голем број на производители и модели за мерачи на крвен притисок, а за да не лутате, туку да добиете точна информација и квалитетен апарат за мерење на притисок, на располагање ви стои реномираната компанија за увоз и промет со медицинска опрема, КМ Медикал.

Многу е важно да се применува правилна техника при мерењето на крвниот притисок, бидејќи мали отстапувања може да доведат до крупни грешки при мерењето.

При мерењето на крвниот притисок воздушниот стегач треба да се постави околу надлактицата на лицето на кое се врши мерењето и да биде слободен делот каде што се спојуваат надлактицата и подлактицата. Најточни вредности се добиваат ако лицето е во седечка позиција, а подлактицата е поставена на маса во висина на срцето. Апаратот треба да е поставен во близина на раката во строго хоризонтална положба. Откако е завршено позиционирањето на пациентот, треба да се лоцира пулсот и таму се поставува мембраната од стетоскопот со кој треба да го слушаме пулсот. Потоа се започнува со надувување на стегачот поставен на надлактицата до вредности 20-30 мм над вредноста што би ја очекувале. Потоа постепено се испушта воздухот од стегачот и истовремено се слушаат Коротковите тонови, кои имаат пет фази на основа на кои се утврдува точната вредност на крвниот притисок.

За појаснување, Коротковите тонови се тонови кои се слушаат на надлактната артерија при мерење на крвниот притисок. Првата фаза е вредноста наречена систолен притисок и претставува првиот тон-отчукување што се слуша при мерењето, а последната фаза е дијастолниот притисок или последното отчукување што се слуша при мерењето.

Така се добива вредноста на крвниот притисок.

 

 

 

Слични написи

Зашто е важно да се комбинира внесувањето на минералот железо со витамин Ц

Biba

Влијанието на оревите на вашето здравје

Biba

Совршената формула која ќе ви помогне да се разбудите одморени и освежени

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.