Брадата од секогаш претставувала симбол на машкост и заради тоа мажите секогаш сакале да ја истакнуваат. Без оглед за која должина на брада сте се решиле, таа бара нега. Битно е да е брадата уредна, но и убава. Денес постојат огромен број на козметички средства за да ја одржувате брадата. Започнете со користење на хидратантна крема или масло за нега на брада. Како што маслото за нега на коса ја одржува косата нежна и мека, исто таков ефект има и маслото за нега на брадата. Брадата ќе ви биде помека, понежна и полесно ќе се расчешлува. Освен што маслата имаат практична улога, тие имаат и пријатен мирис. Заедно со маслата за брада може да користите восок и разни типови на балзами за брада.
За да стекнете дневна рутина доволни ви се и 5 минути во денот. Освен што брадата треба да ја негувате, исто така е битно да водите хигиена за неа, да ја миете барем два до три пати во неделата со шампон. Важно е да користите квалитетни материјали, и во никој случај не користете шампони за коса, бидејќи косата што расте на темето и брадата на лицето различно реагираат на исти шампони.