На 66 годишна возраст почина поранешниот шеф на Фиат-Крајслер, Серџо Маркионе.
На челото на Фиат дојде 2004 година и беше задолжен за спојувањето со американскиот Крајслер. Со спојувањето успеа да изгради седми најголем произведувач на автомобили во светот.
Пред три недели Маркионе беше на операција на рамото во Швајцарија, и од тогаш здравјето почна да му се влошува.
Во саботата од Фиат-Крајслер соопштија дека тој нема да се врати на работа и дека веќе има замена за неговата позиција.