Поранешниот возач на Формула 1 и трикратниот шампион Ники Лауда, почина во 71 година од својот живот.
Австриецот ја изгуби битката осум месеци по трансплантацијата на бели дробови.
“Си отиде нашиот сакан Ники. Почина мирно, во кругот на своето семејство. На сите ни беше пример, прекрасен сопруг, татко и дедо, и на сите ќе ни недостасува”, објави неговото семејство.
Ники Лауда беше многу ценет и сакан во светот на Формула 1 натпреварувањето. Во својата кариера освои два наслова на првак, и тоа со Ферари и со Мекларен, и е единствениот што го постигнал тој успех. Посебно беше ценето неговото враќање на патеката по страшната несреќа што ја доживеа во 1976 година на трката во Нурбургринг кога заработи тешки повреди и изгореници. Но, Лауда не само што се опорави, туку за 40 дена пак се најде во болид и се натпреваруваше.