Состојки:
200 гр компири
2 јајца
2-3 лажици млеко
1/2 лажичка сол
200 г лебни трошки
масло за пржење
зачини по желба (босилек, рузмарин)
Подготовка:
- Излупете ги компирите и исечете ги на тркалца со дебелина од 1 см. Јајцата, млекото и солта изматете ги со виљушка во еден сад. Во оваа смеса може да ставите зачини по желба.
- Секое тркалце компир извалкајте го прво во лебните трошки, потоа во смесата со јајца, па уште еднаш во лебните трошки, и пржете ги во подлабоко тавче со загреано масло. Компирите треба да се пржат неколку минути, додека да добијат златножолта боја (да не бидат живи од внатре).
- Испржените компири ставајте ги на парче хартија кое ќе го впие вишокот масло. Сервирајте ги додека се топли.
На здравје!