Потребни состојки:
1 лажица путер
230 г панцета или сланина, исечкана
1 1/2 лажичка сол
1 китка брокула
450 г шпагети
2 големи јајца
2-3 жолчки од поголеми јајца
1 1/4 чаша млеко
1 лажичка бибер
220 г рендан пармезан
Начин на подготовка:
- Во тавче на средна температура пржете ја сланината додека да потемни. Потоа извадете ја и ставете ја на хартија да се исцеди од вишокот маснотија.
- Во големо тенџере во солена вода варете ја брокулата 1-2 минути, потоа извадете ја од водата и оставете ја да се исцеди. Во истата вода ставете ги да се варат шпагетите околу 2 минути. За тоа време со кујнска хартија впијте го вишокот вода од исцедената брокула. Околу 180 г од брокулата исечкајте ја ситно. Шпагетите извадете ги од водата, исцедете ги добро и оставете ги кратко да се подоладат.
- Во длабок сад со виљушка изматете ги јајцата, жолчките, млекото, солта, биберот и 180 г пармезан. Во оваа смеса додајте ги сварените шпагети, исечканата брокула и сланината, и измешајте сè да се изедначи. Префрлете ги шпагетите во тава за печење намачкана со путер, врз нив посипете со останатиот пармезан и печете во рерна загреана на 22о степени Целзиусови околу 40 минути или додека да добијат златнокафеава боја. Послужете ги шпагетите додека се топли, декорирани со остатокот од сварените парчиња брокула.
На здравје!