Потребни состојки:
6 ленти сланина
1 компир
2-3 лажици вода
1 чешне лук исечкано на тенки парченца
1/2 лажичка крупен црвен пипер (буковец)
сол и бибер по вкус
1 врзоп блитва, измиен и насецкан
8 јајца изматени со виљушка
1-2 лажици изрендан пармезан
Подготовка:
- Сланината ставете ја во поголемо тавче со капак и пржете ја на средна температура додека да стане крцкава, околу 10 минути. Извадете ја целата маснотија од тавчето, да остане само околу 1 лажица.
- Во сланината додајте ги компирот (исечкан на тенки крукчиња, па секое крукче на четвртинки), лукот, водата, црвениот пипер, солта и биберот. Измешајте лесно и поклопете го тавчето додека компирот да омекне, околу 10 минути.
- Потоа во мешавината додајте ја блитвата, измешајте кратко и оставете да се готви 2-3 минути. Потоа во тавчето додајте ги јајцата, нежно измешајте и тргнете го тавчето од шпорет.
- Врз јајцата наросете го пармезанот, поклопете го тавчето и потпечете кратко додека омлетот да добие златножолта боја, околу 3-4 минути.
На здравје!