Љубов и секс

Постара жена и помлад маж – може ли оваа врска да опстане?

Врските на постари жени со помлади мажи веќе не се реткост. Според некои статистки, во САД речиси третина од жените на возраст меѓу 40 и 69 години се во врска со помлади мажи.

Постојат размислувања дека причините за сè повеќе вакви врски се следните:

  • на жените им се допаѓа авантуризмот и флексибилноста на спонтаните помлади партнери, додека на мажите им се допаѓа софистицираноста на постарите партнерки
  • постарите жени изгледаат сè подобро користејќи ги новите техники на разубавување, и поголемиот дел од нив здравјето и убавината ги одржуваат со редовно вежбање
  • сè поголемиот процент на разводи доведува до поголем број на слободни жени кои почнуваат со излегување и запознавање
  • се зголемува процентот на жени на кои домот веќе не им е на прво место, бараат друштво, патуваат, запознаваат луѓе
  • на младите мажи, постарите жени им се чинат поинтересни, добро друштво за разговор, финансиски се поситуирани и сексуално се поотворени

Сепак овој тип на врски за жената може да има и замки. Иако овие врски можат да функционираат добро, треба да се земе во предвид и нивото на зрелост на машкиот партнер, влијанието на околината, стереотипите. Треба да се земе во предвид и разликата во години, возраста на машкиот партер, но и на жената.

Намерите се важни во секоја врска, особено во врските од овој тип. На жената можеби ќе ѝ ласка вниманието што ѝ го обрнува помладиот маж, но сепак треба да е исклучително внимателна. Вниманието може да е поради план за успех на професионално поле, користољубие, па штом ги задоволи тие потреби ќе ја прекине врската.

Чести се случаите на социјални предрасуди, посебно во врски со голема разлика во годините. Иако е лесно да се рече дека ќе се изолирате од таквите влијанија, тоа е тешко да се спроведе. Не ги прифаќајте туѓите критики. На крајот на краиштата, врската ви е важна вам, а не на околината.

И на крајот, љубовта не признава граници, важно е вие да се чувствувате убаво. Уживајте во врската, консумирајте ја телесно и умствено.

Слични написи

На која возраст жените доживуваат најмногу оргазми

Biba

Орален секс – три важни водилки за секој маж

Biba

Најелегантниот начин за спречување на несакана бременост

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.