Посрамениот Калиниќ е на чекор до трансфер во Атлетико Мадрид

 

Шпанските медиуми пишуваат дека трансферот на Хрватот Никола Калиниќ од Милано во Атлетико Мадрид е речиси „готова работа“.

Калиниќ стигна во Милан од Фиорентина минатото лето за 25 милиони евра, но минатата сезона постигна само шест гола.

Веста за неговиот потенцијален трансфер беше шокантна, но лошиот перфоманс во Милан не е единствената причина зошто фудбалскиот свет се чуди дека Калиниќ добива понуда од мадридскиот клуб.

Неговото непрофесионално однесување во хрватската репреентација го чинеше исфрлање од тимот на самиот почеток на Мундијалот во Русија. Селекторот Златко Далиќ го испрати дома откако напаѓачот одби да влезе во игра на првиот меч со Нигерија, како причина наведувајќи здравствени проблеми. Хрватската репрезентација освои мундијалско сребро, а уште не е одлучено дали и Калиниќ, кој го догледа Светското првенство од дома, ќе добие медал.

„Марка“ објави дека Милан и Атлетико постигнале договор за Калиниќ, односно спогодба со обврска за откуп на договорот за 18 милиони евра.

Калиниќ наводно е подготвен во секој миг да замине за Шпанија за да го комплетира трансферот.

 

Don`t copy text!