Забава

Поради несреќата на Болдвин, Двејн Џонсон повеќе нема да користи вистинско оружје на снимањата

 

Познатиот холивудски актер Двејн Џонсон, попознат како The rock, изјави дека по трагедијата на снимањето на филмот „Rust“ повеќе нема намера да користи вистинско оружје на снимањата, пишува Си-Ен-Ен.
Џонсон истакна дека е длабоко потресен од трагедијата што се случила на снимањето на филмот „Rust“, и дека има намера да направи еден од првите чекори кои ќе донесат промени во холивудската филмска индустрија.

 

“Ќе почнеме да користиме гумени пиштоли, сè што не е снимено правилно ќе биде дополнително обработено во постпродукција. Не ни е грижа за заработката. Не ни е грижа колку ќе чини”, одлучно рече тој.

Да потсетиме, Алек Болдвин ненамерно ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза при снимањето на „Rust“ кон крајот на октомври.

Болдвин од почетокот на истрагата соработува со полицијата и семејството на жртвата, а наскоро ќе се знае зошто во пиштолот немало обични празни куршуми и кој ги ставил вистинските куршуми во оружјето.

Слични написи

Меѓународен ден на мажите

Biba

Денеска е Меѓународен ден на мачките

dart

Општина Гази Баба го буди духот на акцијаштвото од СФРЈ

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.