Секоја петта личност на возраст помеѓу 25 и 34 години се сомнева во врската со партнерот, бидејќи биле долго затворени во своите домови поради пандемијата со коронавирусот.
Relate, организација од Велика Британија која дава поддршка на луѓе од сите возрасти во врска со нивните односи, врз основа на истражување открила дека секое петто лице се сомнева во својата врска.
Од 2021 испитаник, четвртина рекле дека нивниот партнер врши притисок врз нив додека се затворени во домот, а исто толку признаваат дека партнерот ги иритира.
Relate, исто така, открива голем број посети на статијата со наслов „Сè што мојот партнер прави, ме нервира“. Тие исто така откриваат и колку родители тешко се справуваат со организацијата на животот додека се затворени во домот.
Но, не е сè толку црно – 65 проценти од испитаниците откриваат дека се чувствувале поддржани од партнерот за време на нивниот престој дома, а 43 проценти признаваат дека се чувствуваат повеќе поврзани со партнерот кога не се постојано дома. Чувството на блискост со партнерот не се рефлектира ниту во сексуалната интимност, бидејќи само 17 проценти од испитаниците потврдиле повеќе сексуални активности од вообичаеното.
Лошите односи се припишуваат на неизвесноста што ја донесе пандемијата на коронавирусот, како што се грижи за безбедноста на работата, финансиите, обид за балансирање на работата од дома и грижа за децата, и неизвесноста за иднината.