За прв пат од 1845 година, во Англија и Велс се родени повеќе вонбрачни бебиња.
Новата статистика открива дека бројот на новопечени мајки во изминатата година кои не биле во брак или во граѓанска заедница го надминал бројот на мајки во брак.
Но, ова доаѓа во време кога две години од пандемијата во која се забрануваа прослави и свадби се зад нас, па се верува дека се работи и за голем број вонбрачни заедници, а не за самохрани мајки.
Некои научници посочуваат дека ваквата статистика е очекувана поради актуелниот тренд на долгорочен пад на стапката на бракови и зголемениот број на парови кои живеат во заеднички дом.
Разликата во бројот на невенчани и мажени мајки е многу мала. Станува збор за неколку илјади мајки, односно за неколку проценти од разликата. Сепак, без разлика на малиот процент, ова е првпат да се забележи ваква статистика откако постои пребројувањето, пишува Sky News.