Nubia Alpha е мешавина помеѓу телефон и часовник кој доаѓа со флексибилен OLED екран. Прототипот ги има вообичаените функционалности, и иако карактеристиките не се официјално дадени уредот се очекува да се појави на пазарот до крајот на годината.
Телефоните во блиска иднина би можеле да ги носиме околу зглобот, а кинеската компанија Nubia на саемот IFA го покажа прототипот на својот мешанец меѓу мобилен телефон и часовник.
Nubia Alpha е уред кој доаѓа со андроид и флексибилен OLED екран, опкружен со метален каиш. Се работи за уред кој сè уште се развива, но компанијата која изникна од ZTE е сигурна дека до крајот на годината би можел да се продава во Кина, заедно со глобалното лансирање кое би требало да е во истиот период.
Поради тоа што е андроид уред, ги има сите функционалности, но прилагодени на екранот кој што го поседува. Од компанијата изјавуваат дека е лесен и поднослив на рака. Цената на уредот би требало да е во ниво со стандардните мобилни телефони.