Снимката на која куче од расата германски овчар се труди да развесели бебе стана популарна на социјалните мрежи.
Кучињата често се најдобрите пријатели за игра, а децата уживаат во нивното друштво. Начинот на кој германскиот овчар си игра криенка со својот мал сопственик е вистинскиот доказ за тоа.
Многу често кучињата во ситуација кога во домот ќе дојде нов член на семејството стануваат негов заштитник и дадилка.
Погледнете го видеото и уживајте во играта на двете другарчиња.