Психологија

Поврзаност на писменоста и менталното здравје

Писменоста и здравјето се тесно испреплетени. Истражувањата одамна докажаа дека читањето е моќен механизам за градење отпорност, им помага на младите да развијат емпатија, да ја поттикнат емоционалната интелигенција и да станат издржливи и силни. Иако оваа корелација отсекогаш била важна, пандемијата ја обнови потребата да се истакне дека писменоста е тесно поврзана со менталното здравје. Кај семејствата кои беа соочени со постојана тага, неизвесност и страв, се јави потреба за итно обновување на отпорноста и издржливоста.

Новото истражување на Одделот за детска психијатрија на Универзитетот Јејл  потврдува дека семејствата се загрижени за влијанието на пандемијата врз менталното здравје на нивните деца. Податоците од извештајот внимателно ги разгледуваат емоционалните искуства на децата, загриженоста на родителите за менталното здравје на нивните деца и пресекот на менталното здравје и писменоста.

Најзагрижувачки, а сепак не и изненадувачки, е податокот кој вели дека половина од родителите на 6 до 17-годишници (51 процент) изјавиле дека менталното здравје на нивното дете било негативно погодено од нивните искуства со пандемијата. На прашањето да ги опишат промените што ги забележале, родителите ги навеле социјалната изолација и осаменоста, што резултирале со социјална анксиозност, срамежливост, зголемено ниво на општа анксиозност, тага и депресија.

Овие наоди се совпаѓаат со едно друго истражување, кое ги идентификува осаменоста, изолацијата и недостатокот на поврзаност како јавна здравствена криза. „Со оглед на значајните здравствени последици од осаменоста и изолацијата, мораме да дадеме приоритет на градењето социјални врски на ист начин како што дававме приоритет на други критични прашања поврзани со јавното здравје како што се пушењето, дебелината и нарушувањата поврзани со злоупотреба на супстанци“, се вели во овој извештај.

Градењето социјални врски е еден од најважните предиктори на отпорноста, а писменоста е моќен извор на тие врски. Знаеме дека читањето ја зголемува комуникацијата помеѓу учениците и нивните семејствата. Доживотна придобивка е зближувањето на децата и нивните родители преку споделените приказни.

Писменоста може да го промени здравјето и е клучен посредник помеѓу социо-економската нееднаквост и здравствените разлики. Во овој контекст, истражувањето покажува корелација помеѓу фреквенцијата на читање и емоционалните искуства на тинејџерите. Децата кои се редовни читатели пријавиле дека имаат подобро ментално здравје. За разлика од нив, тие што читаат ретко изјавиле дека дека нивното емоционално или ментално здравје е полошо отколку пред пандемијата. Редовните читатели, исто така, во поголем број (62%) пријавиле дека се чувствуваат гордо и возбудено (во споредба со тие што читале ретко 32%). Нередовните читатели, од друга страна, во поголем број изјавиле дека се чувствуваат осамено, тажно или депресивно, нервозно и вознемирено.

Овој податок зборува сам за себе.

Читањето го зголемува капацитетот на детето за критичко размислување, развива вештини за емпатија, му ја дава потребната поддршка во тешки времиња и ја гради многу потребната еластичност за промовирање вештини кои можат да помогнат во заштитата од различни состојби на менталното здравје како депресија и анксиозност. Појасно кажано, писменоста не е само образовна интервенција, туку е инвестиција во здравјето на детето на долги патеки. Стручњаците во медицинската пракса мора да ги едуцираат семејствата и старателите за влијанието на раната писменост. На тој начин ќе се даде приоритет на читањето, со што ќе се обезбедат долгогодишни придобивки кај децата за генерациите што доаѓаат.

Слични написи

Психолозите откриваат како да им се обратите на децата ако ви треба нивната помош

Biba

Секое четврто лице страда од ментално нарушување

Biba

Самодовербата кај тинејџерите

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.