Здравје

Поврзаноста на витаминот Д и калциумот

—Калциумот е минерал кој е најзастапен во телото на човекот. —Најважен е за изградба и одржување на цврсти и силни коски, и за нормална функција на срцето, мускулите и нервниот систем. —Недостаток на калциум кај децата може да предизвика понизок раст.

—Храна богата со калциум се млечните производи (сирење, јогурт, млеко), зеленчукот со темнозелена боја (брокула, кељ, спанаќ), сардините, лососот. —Апсорпцијата на калциумот, кој претставува главна компонента за изградба на коските, е возможна само ако во организмот е присутен витаминот Д.

—Преку директна изложеност на телото на сончева светлина организмот го создава витаминот Д во кожата, а тој потоа се претвора во активна форма на витамин Д, која се нарекува калциферол. —Затоа е многу важно во текот на зимските месеци, кога има многу малку сонце, витаминот Д дополнително да се внесува преку додатоци на исхраната.

Можеби ќе ве интересира

Телесната болка се намалува ако го држите повреденото место

Biba

Здрави и безбедни начини кои ќе ви помогнат да ја зголемите телесната тежина

Biba

Витамини и минерали кои ублажуваат настинка и грип

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.