На натпреварот помеѓу Португалија и Србија што се одигра синоќа, Роналдо се повреди и мораше 30 минути од натпреварот да паузира.
Поради повредата, Роналдо најверојатно краток период ќе паузира и во дресот на Јувентус, што значи дека младиот Моис Кин ќе добие шанса да ги покаже своите квалитети.
Деветнаесетгодишниот Кин се истакна и во дресот на Италија, а покажа квалитети и во матичниот Јувентус.
Повредата на Роналдо претставува среќа за Кин и за неговиот менаџер, шанса на голема врата да влезе во Јувентус.