Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Плескавици од стар леб

  •  
  •  

 

Потребни состојки:

3-4 кришки стар леб

1 чешне ситно исечкан лук

50 гр испасирано сирење

3 јајца

3 лажици павлака или млеко

1 лажица ситно исечкан магдонос

зачини по вкус (буковец, црвен бибер, ким)

Од оваа количина излегуваат 6 плескавици.

Начин на подготовка:

  1. Лебот исечкајте го на ситни коцки и ставете го во подлабок сад. Додајте го лукот, сирењето, млекото и јајцата изметени со виљушка. Со лажица измешајте ја смесата да се изедначи и лебот да впие од течноста.
  2. Во тава на средна температура ставете масло да се покрие дното и со лажица обликувајте ги плескавиците во тавата. Пржете ги додека да добијат златножолта боја од двете страни. По пржењето ставете ги на хартија да се впие вишокот маснотија.
  3. Сервирајте ги топли со кисело млеко или јогурт.

На здравје!