Потребни состојки:
2 јајца
4 лажици брашно
1/4 лажичка прашок за печиво
1/2 лажичка сол (по вкус може и повеќе)
1/4 лажичка бибер
6 средни компири, излупени и крупно изрендани
1 ситно исецкан кромид
1/4 чаша масло
може да додадете ситно сецкан лук, свеж магдонос и зачини по ваша желба
Начин на подготовка:
- Во длабок сад измешајте ги сите состојки, освен компирите и кромидот. За да не потемни компирот чувајте го во многу ладна вода, а пред да го ставите во смесата убаво исцедете го со раце или во крпа.
- Кога смесата ќе се изедначи додајте ги компирите и кромидот, и убаво измешајте да добиете компактна смеса.
- Во широко тавче на средна температура ставете масло и со лажица ставајте во маслото од смесата. Лажицата да биде полна со врв и откако ќе ја спуштите смесата во тавчето, благо притиснете ја надолу за да се сплеска. Плескавиците пржете ги по 3 минути од секоја страна, додека да добијат златнокафеава боја и да станат крцкави однадвор. По вадењето ставајте ги на хартија која ќе го впие вишокот маснотија.
- Сервирајте ги самостојно или како прилог на печено месо, пржени колбаси или друго јадење по ваш избор.
На здравје!