Select Page

Платформата Zoom со поголема сигурност за видеоповиците

Платформата Zoom со поголема сигурност за видеоповиците
Откако половина од светот почна да работи од своите домови и не може да се види со семејството и пријателите, апликацијата за видеоконференција „Zoom“ стана едно од главните „места“ за дружење и виртуелни состаноци. Минатиот месец имаше околу 200 милиони дневно активни корисници. Тоа изгледаше како многу голема бројка во тоа време, бидејќи имаше само околу 10 милиони во декември минатата година. Во моментов оваа услуга ја користат над 300 милиони активни корисници секој ден.   За да ги направи видео разговорите побезбедни за сите свои корисници, Zoom имплементирал некои подобрувања во верзијата 5.0. Најважната нова карактеристика е транзицијата кон шифрирање на GCM AES 256-битна. Сè уште не е полнокрвно криптирање од крај до крај, но сигурно е побезбеден од 128-битниот стандард за шифрирање AES што се користеше досега. Целосната поддршка за криптирање на сите разговори на сите сметки ќе биде активирана на 30 мај. За дополнително да се намали можноста за упаѓање во некоја друга видеоконференција, т.н. „Zoombombing“, во Zoom додадоа икона во корисничкиот интерфејс што им овозможува да постават лозинка за конференција, да пријават несакан „гостин“ и генерално да администрираат безбедносни поставки. Стандардните лозинки сега се побезбедни и администраторите имаат поголема контрола врз видеоконференциите што ги водат. За да се намали веројатноста за несакано прислушување, корисниците сега се во можност да изберат низ кои земји ќе поминат нивните повици. Така што нема да се повтори разговорите меѓу жителите на Европа и САД непотребно да се префрлаат преку сервери во Кина, како што беше претходно.

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.