Летните горештини злобно нè притиснаа, па нема подобар начин да им одолееме од освежителен пијалак во рака, со само малку, малку алкохол или воопшто без алкохол. Нашиот омилен свечен коктел за сончеви денови и топло време е овој коктел од лубеница, кој ќе ви помогне да останете хидрирани цел ден.
Потребни ви се само пет минути за да го подготвите.
Потребни состојки:
4 шољички замрзнати парчиња лубеница без семки
½ шољичка лесен рум или вотка (опционално)
¼ шољичка коцки мраз
¼ чаша сок од лимета
¼ чаша сок од портокал
3 лажици шеќерен сируп по желба
Начин на подготовка:
- Во блендер измешајте ги лубеницата, румот, мразот, сокот од лимета и портокал и шеќерниот сируп. Блендирајте со голема брзина додека смесата не стане мазна. Засладете по ваш вкус.
- Украсете го коктелот со лимета, парче лубеница или гранче нане и убава сламка.
На здравје!